Есента е како создадена за приготвување на ајвар, лутеница, малиџано и многу други превкусни деликатеси од печени пиперки. Тоа е време кога целото семејство се собира на едно место за да помогне во традиционалната подготовка на зимницата. Време кога се дружиме, евоцираме спомени и со своето учество во готвањето споделуваме дел од својата љубов во […]
Закуски
Домашна пица со крцкаво тесто
Секој врвен пица мајстор во ракав крие по некој трик поради кој неговата пица е поинаква и повкусна од преостанатите. Мојата тајна за оваа домашна пица е во прскањето на тестото со вода непосредно пред самото печење, постапка која ќе ви помогне да добиете крцкави краеви и прекрасна златно-кафена боја. Кога сакам нешто пикантно, користам […]
Ролнички со крем супа од печурки
Рецептот за овие едноставни печени ролнички настана сосема случајно. Беше ладна и врнежлива вечер, па наместо да одам до најблискиот супермаркет си реков да си направам вечера од она што веќе го имам во свој дом. Тост леб и крем супа со печурки на прв поглед не ветуваат многу, но кога ќе почнете да размислувате […]
Домашен леб
Кога веќе го направивме ајварот и другата зимница, ни остана да направиме и вкусно домашно лепче. Оние кои уживаат во едноставни нешта, знаат колкаво е задоволството кога на кришка од штотуку испечен топол леб ќе се намачка ајварче и ќе му се додадат парченца бело сирење. За оваа безвременска и култна комбинација, денес Ви презентирам […]
Домашни варени ѓевречиња
Замислете си утро започнато со мирисот на топли ѓевречиња кој се шири по целиот дом. Секогаш кога ќе го почувствувам тој препознатлив мирис се навраќам во детството, на старите добри времиња, кога со нетрпение чекав да ми купат крцкаво ѓеврече. Денес, ѓевречињата си ги приготвувам сам бидејќи уживам во домашна и супер ароматична храна. Постапката […]
Посна салата со туна
Кога сакате да направите нешто вкусно и посно, Ви ја препорачувам оваа сочна и брза салата со компир, туна и зачини. Верувам дека толку многу ќе ви се допадне што ќе стане една од вашите омилени без разлика на тоа што има посни состојки. Можете да ја направите како дел од некоја празнична трпеза или […]
Тортиља чипс со гвакамоле – готово за помалку од 20 минути
Тортиља чипсот и гвакамоле се вистинско динамично дуо кога станува збор за брзите закуски. Фудбалски натпревар, кино вечер или пак мало собирање со семејството и пријателите, е идеална прилика кога можете да ја направите оваа комбинација. Крцкавата зачинета тортиља, одлично се надополнува со супер кремастото гвакамоле, а постапката за приготвување е неверојатно лесна. Тортиља чипс […]
Брускета лепчиња со моцарела и шери домати
Кога ќе ми се најават гости и ќе ми кажат дека за 30-40 минути ќе наминат на седенка знам дека воопшто не треба да се грижам со што ќе ги послужам. Најголемото очекување на секој гостин кога ќе дојде кај мене е дека „мора“ да проба некои од моите специјалитети. Она што прво ми доаѓа […]
Лиснати индиски лепчиња
Подгответе ги без да чекате да стасуваат, по ваш вкус и користете ги за со вашиот омилен намаз, за бурито или пак за тортиља чипс. Дали знаете дека обичните тортиља лепчиња може да имаат побогат и поегзотичен вкус доколку ги подготвите сами? Се се случува за помалку од 30 минути. Замесувате тесто, НЕ ГО ЧЕКАТЕ […]
Ароматичен пекарски компир
Сигурно веќе ја имате видено мојата градина на фотографиите кои постојано ги споделувам. Одгледувањето на храна е исто така нешто во кое уживам, освен приготвувањето. Чувството да уживаш во храна која самиот си ја одгледал и подготвил за мене е непроценливо. Највозбудливо е кога доаѓа времето кога треба да се види крајниот резултат, односно да […]
