За денеска Ви подготвив едно мошне едноставно, но штосно лепче со кисели краставички, сенф и маслинки. Велам штосно бидејќи во него се комбинирани интересни вкусови, а во исто време изгледа мошне убаво за око. Ова лепче е идеално како за новогодишната, така и за божиќната трпеза, но и за сите оние домашни собиранки во текот […]
Закуски
Декоративна елка погача со фил од спанаќ и сирење
Рекле дека луѓето најпрвин јадат со очите, па дури потоа пристапуваат кон осознавање на јадењето преку мирисот и вкусот. Токму со оваа декоративна елка погача ќе биде малку поинаква од досега. Велам поинаква досега бидејќи е во форма на декоративна елка, која изгледа мошне убаво особено кога е поставена како централен елемент на трпезата. Мојот […]
Мини пити со сушени домати
Ако досега немавте навика да правите комбинација на павлака, кашкавал и сушени домати, наскоро ќе се навлечете на овој спој од вкусови. Мини питите кои што ќе ги споделам денес изгледаат мошне симпатично, а во исто време се превкусни, крцкави и просто незаменливи. За да бидат уште повпечатливи им додадов и малку магдонос. Можете да […]
Лепче со сос за незаборавна седенка
Неделите се резервирани за дружба со семејството. Некогаш тоа е појадок, друг пат ручек, а многу често правиме и супер седенки со гледање филмови и играње друштвени игри. Во вакви ситуации ни треба нешто за замезување, а ова лепче со сос во средината е токму тоа што се бара. Замислете си само колку е слатко […]
Декоративна закуска од компири
Кога за прв пат го послужив овој специјалитет на мојата трпеза, дел од моите пријатели мислеа дека станува збор за лиснато тесто. Но, ако погледнете малку подобро, тоа во суштина се компири. Моето експерименирање во кујната резултираше со вкусна декоративна закуска или подобро кажано мафини компири. Се приготвуваат многу лесно, а изгледаат како да сте […]
Лиснати кифлички со 5 состојки
Ова дефинитивно се најбрзите лиснати кифлички кои што може да ги направите за појадок или пак за седенка со пријателите. За нив ќе Ви бидат потребни само 5 состојки и помалку од 15 минути за подготовка, не сметајќи го тука времето за печење. Бидејќи се прават со готово лиснато тесто се супер воздушести и меки. […]
Банички со готови кори
Обожавам банички, но да бидам искрен не секогаш имам доволно време за да можам да ги приготвам со домашни кори. Затоа го скратувам времето за подготовка на половина, така што користам готови кори. Се прашувате дали може да се добие истиот резултат? Се разбира дека да! За неполн час ќе имате врели и сочни банички, […]
Едноставни кифла-мафини
Студените зимски денови се одлична прилика да направите меки, кифла-мафини, со мирис и вкус на путер. Се што ќе Ви биде потребно е плех за мафини во кој што ќе ги ставите едноставно обликуваните плетенки. На овој начин ќе добиете интересна форма на кифла-мафини, кои освен тоа што изгледаат штосно, се и мошне вкусни. Едноставни […]
Печен модар домат
Модрите домати секојдневно се присутни на нашата трепеза. Речиси и не познавам човек кој на некој начин не ужива во вкусот на овој зеленчук. Некои луѓе ги сакаат бидејќи лесно се приготвуваат, а други поради ниската калориска вредност. Кога ги купувате секогаш избирајте ги оние кои изгледаат сјајно и цврсто, а доколку не ги користите […]
Двојно печени компири полнети со крем фил
Кој може да му одолее на крцкав печен компир наполнет со кремаст фил кој се топи во уста при секој залак? Јас сигурно не! Сите ние, повеќе или помалку го користиме компирот на нашата трпеза, но ретко кога го претвораме во мини кулинарско дело достојно за восхит. Затоа си поиграв со оваа секојдневна намирница и […]
