Рекле дека луѓето најпрвин јадат со очите, па дури потоа пристапуваат кон осознавање на јадењето преку мирисот и вкусот. Токму со оваа декоративна елка погача ќе биде малку поинаква од досега. Велам поинаква досега бидејќи е во форма на декоративна елка, која изгледа мошне убаво особено кога е поставена како централен елемент на трпезата. Мојот […]
Предјадења
Декоративна закуска од компири
Кога за прв пат го послужив овој специјалитет на мојата трпеза, дел од моите пријатели мислеа дека станува збор за лиснато тесто. Но, ако погледнете малку подобро, тоа во суштина се компири. Моето експерименирање во кујната резултираше со вкусна декоративна закуска или подобро кажано мафини компири. Се приготвуваат многу лесно, а изгледаат како да сте […]
Едноставни кифла-мафини
Студените зимски денови се одлична прилика да направите меки, кифла-мафини, со мирис и вкус на путер. Се што ќе Ви биде потребно е плех за мафини во кој што ќе ги ставите едноставно обликуваните плетенки. На овој начин ќе добиете интересна форма на кифла-мафини, кои освен тоа што изгледаат штосно, се и мошне вкусни. Едноставни […]
Лепеза компир со кулен
Често готвам со компир и досега сум направил повеќе различни рецепти со овој зеленчук. Сепак, начинот на подготовка што ќе Ви го презентирам сега ми е еден од омилените. Едната причина поради која што е така е изборот на состојките и самиот вкус на пречениот специјалитет. Другата причина е неговата практичност. Доволен ми е само […]
Печен модар домат
Модрите домати секојдневно се присутни на нашата трепеза. Речиси и не познавам човек кој на некој начин не ужива во вкусот на овој зеленчук. Некои луѓе ги сакаат бидејќи лесно се приготвуваат, а други поради ниската калориска вредност. Кога ги купувате секогаш избирајте ги оние кои изгледаат сјајно и цврсто, а доколку не ги користите […]
Двојно печени компири полнети со крем фил
Кој може да му одолее на крцкав печен компир наполнет со кремаст фил кој се топи во уста при секој залак? Јас сигурно не! Сите ние, повеќе или помалку го користиме компирот на нашата трпеза, но ретко кога го претвораме во мини кулинарско дело достојно за восхит. Затоа си поиграв со оваа секојдневна намирница и […]
Печени ајварки полнети со урда и ореви
Есента е како создадена за приготвување на ајвар, лутеница, малиџано и многу други превкусни деликатеси од печени пиперки. Тоа е време кога целото семејство се собира на едно место за да помогне во традиционалната подготовка на зимницата. Време кога се дружиме, евоцираме спомени и со своето учество во готвањето споделуваме дел од својата љубов во […]
Пита со кори од хељда
Од мојата богата палета на домашни пити денес ви ја претставувам онаа со хељда, која е одличен здрав избор за појадок. Можете да ја направите и со обични кори, но доколку сакате во потполност да го доловите вкусот на овој рецепт Ви препорачуваме да ги изберете оние со хељда. Наполнета е со фил од несолена […]
Ролнички со крем супа од печурки
Рецептот за овие едноставни печени ролнички настана сосема случајно. Беше ладна и врнежлива вечер, па наместо да одам до најблискиот супермаркет си реков да си направам вечера од она што веќе го имам во свој дом. Тост леб и крем супа со печурки на прв поглед не ветуваат многу, но кога ќе почнете да размислувате […]
Домашен леб
Кога веќе го направивме ајварот и другата зимница, ни остана да направиме и вкусно домашно лепче. Оние кои уживаат во едноставни нешта, знаат колкаво е задоволството кога на кришка од штотуку испечен топол леб ќе се намачка ајварче и ќе му се додадат парченца бело сирење. За оваа безвременска и култна комбинација, денес Ви презентирам […]
