Ако ме запрашате која ми е омилена пита, сигурно ќе ми биде потребно долго време пред да Ви одговорам. Впрочем не знам и дали воопшто ќе имам одговор на тоа прашање, бидејќи месените работи ми се едни од омилените рецепти за подготовка. Без разлика дали се со готови или сукани кори, ги доживувам како нешто […]
Појадок
Ѓевречиња со путер и мед – појадок од детството
Пред некое време Ви покажав како да направите неверојатни домашни варени ѓевречиња, кои можете да ги комбинирате на најразлични начини. Овие превкусни крцкави ѓевречиња ме вратија во детството, кога утрата пред да одам на училиште, новиот ден го започнував со нешто многу едноставно, но во исто време и многу впечатливо. Најмногу се радував кога за […]
Сирењаци какви што не сте пробале
Подготвени сте за малку поинаков појадок? Сирењаците кои што ќе ги направиме денес се различни од се што досега сте го пробале. Тие се меки, ароматични, помалку необични, но неверојатно вкусни и се подготвуваат на многу лесен начин. При првото споделување на овој рецепт на мојот Instagram профил, овие вкусни сирењаци веднаш станаа хит. Изгледа […]
Мини пити со сушени домати
Ако досега немавте навика да правите комбинација на павлака, кашкавал и сушени домати, наскоро ќе се навлечете на овој спој од вкусови. Мини питите кои што ќе ги споделам денес изгледаат мошне симпатично, а во исто време се превкусни, крцкави и просто незаменливи. За да бидат уште повпечатливи им додадов и малку магдонос. Можете да […]
Чоколадни вафли
Вафлите може да бидат прекрасен појадок или пак дел од неделниот бранч. Мојот рецепт ќе Ви помогне да направите автентични чоколадни вафли со крцкава надворешност и совршено лесна и мека внатрешност. Се што ви е потребно е апарат за вафли во кој што ќе може да ги испечете и неколку едноставни состојки за да ја […]
Лиснати кифлички со 5 состојки
Ова дефинитивно се најбрзите лиснати кифлички кои што може да ги направите за појадок или пак за седенка со пријателите. За нив ќе Ви бидат потребни само 5 состојки и помалку од 15 минути за подготовка, не сметајќи го тука времето за печење. Бидејќи се прават со готово лиснато тесто се супер воздушести и меки. […]
Банички со готови кори
Обожавам банички, но да бидам искрен не секогаш имам доволно време за да можам да ги приготвам со домашни кори. Затоа го скратувам времето за подготовка на половина, така што користам готови кори. Се прашувате дали може да се добие истиот резултат? Се разбира дека да! За неполн час ќе имате врели и сочни банички, […]
5 верзии на чиа пудинг
Размислувате со каков здрав појадок да го започнете денот? Мојот предлог е чиа пудинг. Чиа семето е одличен извор на омега 3 масни киселини, мошне е богато со калциум и магнезиум, а воедно го зголемува и чувството на ситост. Јас претпочитам да го направам чиа пудингот од вечер за наредното утро, кога ќе уживам во […]
Пита со кори од хељда
Од мојата богата палета на домашни пити денес ви ја претставувам онаа со хељда, која е одличен здрав избор за појадок. Можете да ја направите и со обични кори, но доколку сакате во потполност да го доловите вкусот на овој рецепт Ви препорачуваме да ги изберете оние со хељда. Наполнета е со фил од несолена […]
Домашен леб
Кога веќе го направивме ајварот и другата зимница, ни остана да направиме и вкусно домашно лепче. Оние кои уживаат во едноставни нешта, знаат колкаво е задоволството кога на кришка од штотуку испечен топол леб ќе се намачка ајварче и ќе му се додадат парченца бело сирење. За оваа безвременска и култна комбинација, денес Ви презентирам […]
