Ручекот со семејството не може да помине без десерт, а оваа крцкава пита со вишни е една од омилените на моите најблиски. Мислам дека најмногу им се допаѓа поради киселиот вкус на вишните и моќната арома на путер. Кога е лето имам навика да ја сервирам со топка сладолед од ванила или чоколадо, додека во […]
Десерти
Чизкејк коцки со прелив од шумско овошје
Чизкејк коцките со прелив од шумско овошје спаѓаат во категоријата на најосвежителни десерти кои што досега сум ги приготвил. Бисквит основата е совршен контраст на кремастата текстура на филот со кисело млеко, додека глазурата од шумско овошје освен што е супер свежа и красита, воедно е во моќна впечатлива црвена боја. Затоа коцките освен што […]
Цитрусна лимон – ванила торта
Оваа летна и освежителна торта со егзотичен фил и одлична арома на лимон има спектакуларна декорација, па од се срце ќе ви препорачам да ја направите за некоја посебна прилика, како на пример некоја прослава. Јас ја приготвив за еден од моите родендени и морав да чекам 10тина минути додека моите гости, буквално не и […]
Пуслица ролат
Кога не сакам да правам торта, а сепак сакам да направам нешто што барем приближно ќе ме потсетува на неа, се определувам за ролат. Овој воздушест и наизглед деликатен десерт, е интересен спој на благ и красит вкус, кој е крунисан со ситни парчиња ф’стаци. Многумина мислат дека во правењето на пуслица ролатот има некоја […]
Брза торта без печење
Тирамисуто е своевиден софистициран грев. Колку и да сакате да не паднете во искушението на овој десерт, едноставно е невозможно бидејќи вешто ве мами како со својот вкус, така и со навистина краткото време за подготовка. Кога се изгледа така просто и практично, зарем може да му се рече не? Ако досега сте правеле тирамису, […]
Ресана торта без печење – торта за „итни случаи“
Ресана торта – уште ја нарекувам „торта за итни случаи“. Тоа се сите оние мигови кога имате потреба од благо, но немате време или пак не сакате да заглавите во кујната. За само десетина минути, веќе имате домашна торта со одлична комбинација на вкусови, а воопшто не сте ја вклучиле рерната. За овој рецепт најчесто […]
Чоколаден мус без печење
Чоколадниот мус е декадентен десерт со кремаста текстура и моќен вкус на чоколадо. При изборот на чоколадо за овој рецепт, Ви препорачувам секогаш да избирате чоколадо кое содржи поголем процент на какао. Колку повеќе какао толку повеќе вашиот мус ќе има побогат и поинтензивен вкус. Она што уште повеќе ќе ви се допадне кај овој […]
Чизкејк со малина и ванила
Секое време е добро време за чизкејк, особено ако станува збор спој од малини и ванила. Нема да звучам воопшто скромно, кога ќе кажам дека за ваков чизкејк ќе ја прекинете диетата, во доцните часови ќе го посетите фрижидерот и скришум ќе го јадете последното парче, за да не ве насетат домашните. Лесно се подготвува, […]
Колачи со чоколадо и малина
На една од масите во мојата кујна секогаш стои голем стаклен сад преполн со колачиња. Ова е мојата тегла за „прва помош“ во ситуации кога ќе ми се најават неочекувани гости, или пак едноставно копнеам по мало слатко задоволство додека го пијам утринското кафе и уживам во сончевите зраци на новиот ден. Во садот има […]
Колач со тиква и чоколадни парчиња
Сезоната на нејзиното величество -тиквата ја отворам со најдобрата можна комбинација – колач со тиква и чоколадо. Приготвуваме сочен колач со чоколадни парчиња за максимално уживање во вкусовите кои ни ги носи есента. Покрај препознатливата кремаста текстура на тиквата и блажината на чоколадото, во овој колач додадов и грст ореви за да ја доловам саканата […]
