Декември 2017 година беше многу важен месец за мене. Како што веќе знаете од печат излезе мојот прв готвач. „Гответе насмеани“ беше прекрасен проект, на кој работев со огромно задоволство и ентузијазам. Претставуваше голем предизвик да се работи самостојно, но успеав! Уживав во подготовката , сервирањето, како и фотографирањето на секој рецепт. Прекрасно е чувството […]
Автор: Davor
Мафини со вишни
Традиционалната класика- колач со вишни, трансформирана во нешто што ќе ви го одземе здивот, а сетилото за вкус ќе ви биде повеќе од благодарно!Ве уверувам дека спојот на овие вкусови кои се создадени со едноставни состојки нема да ве остави рамнодушни. Процесот на печење колач е вистинска терапија – соединување на состојките, матење со миксер, […]
Пилешко во сос од лимон
Моите пријатели едногласно потврдија дека волку добро пилешко немаат пробано досега! Токму затоа и го одбрав овој рецепт да биде дел од мојата роденденска трпеза. Не преувеличувам кога велам дека гостите беа фасцинирани од сочните парчиња пилешки стек прелиени со сос од лимон. Тоа многу ме израдува, па морав да ја споделам тајната за овој […]
Ароматичен пекарски компир
Сигурно веќе ја имате видено мојата градина на фотографиите кои постојано ги споделувам. Одгледувањето на храна е исто така нешто во кое уживам, освен приготвувањето. Чувството да уживаш во храна која самиот си ја одгледал и подготвил за мене е непроценливо. Највозбудливо е кога доаѓа времето кога треба да се види крајниот резултат, односно да […]
Лимонада со малини
Во топлите летни денови, нема ништо поосвежувачко од чаша студена лимонада. Затоа се одлучив за интересен рецепт кој мене ми стана омилен – лимонада со малини. Богатиот и киселкаст вкус на малините ме воодушевува, па затоа не пропуштам да купам по некое канче кога има на залиха на зелените пазари. Овојпат, тие се најдоа како […]
Домашен сладолед без трошка шеќер
Овој рецепт ќе ви докаже дека може да јадете сладолед без грижа на совест! Совршен е за топлите летни денови кога внимаваме на фигурата бидејќи не содржи ни трошка шеќер. Ова совршено ледено задоволство ќе ги изненади вашите сетила со кремаста текстура и неодолив вкус на малина.Трикот е во зрелите банани кои се доволно благи, […]
Насмевките остануваат и кога камерите се исклучуваат
Многумина од вас ме знаат како „детето што прекрасно готви на телевизија“. До сега имам гостувано во повеќе од 40 утрински емисии на телевизија Сител, па овој прекар е неизбежен. Јас лично уживам во секое дружење и посветувам посебно внимание на тоа што ќе го презентирам пред публиката. Овој пат, со вас ќе споделам како […]
Мини индивидуални тартови
После еден успешен експеримент во кујната, ми остана малку бисквитно тесто со путер.Стандарден слаткарски фил со вкус на ванила звучеше како одлична комбинација со крцкава подлога. И така успеав да ги направам овие превкусни мини тартови кои верувам дека ќе ве освојат со својот изглед.Кој вкусен рецепт вие би го подготвиле со бисквитно тесто? Споделете […]
Чизкејк мафини со лимон
Ве уверувам дека овој десерт ќе ве освои уште на првото залче!Класичниот чизкејк освојува со својот префинет вкус. Но овојпат, миксот на ровка и кремаста текстура доаѓа во форма на мафини. Плех или калап за мафини, изборот е ваш. Едно е сигурно-овој рецепт ќе ги освои вашите сетила! Дали би се согласиле со мене? Чизкејк […]
Појадокот во кревет не е само за на филм
Дали некогаш сте изненадиле некого со појадок во кревет? Едно неделно попладне уживав во добар филм, кога една сцена ме потсети на овој момент. Јас како обожавател на добра храна не можев да не го забележам појадокот во кревет, кој беше во крупен кадар. Имаше дрвен послужавник, свежо цвеќе, и едноставна чинија со домашно подготвен […]
