Автор: Davor

Десерти

Колач со тиква и чоколадни парчиња

Сезоната на нејзиното величество -тиквата  ја отворам со најдобрата можна комбинација – колач со тиква и чоколадо. Приготвуваме сочен колач со чоколадни парчиња за максимално уживање во вкусовите кои ни ги носи есента. Покрај препознатливата кремаста текстура на тиквата и блажината на чоколадото, во овој колач додадов и грст ореви за да ја доловам саканата […]

Закуски Предјадења

Ролнички со крем супа од печурки

Рецептот за овие едноставни печени ролнички настана сосема случајно. Беше ладна и врнежлива вечер, па наместо да одам до најблискиот супермаркет си реков да си направам вечера од она што веќе го имам во свој дом. Тост леб и крем супа со печурки на прв поглед не ветуваат многу, но кога ќе почнете да размислувате […]

Закуски Појадок Предјадења

Домашен леб

Кога веќе го направивме ајварот и другата зимница, ни остана да направиме и вкусно домашно лепче. Оние кои уживаат во едноставни нешта, знаат колкаво е задоволството кога на кришка од штотуку испечен топол леб ќе се намачка ајварче и ќе му се додадат парченца бело сирење. За оваа безвременска и култна комбинација, денес Ви презентирам […]

Главни Јадења

Проверен рецепт за вкусна пастрмалија

Барате испробан рецепт за домашна пастрмалија која вреди прсти да излижеш? Мислам дека го имам совршениот рецепт за Вас. Мојата пастрмалија со крцкаво ароматично тесто и сочен фил од бело месо, кашкавал и јајце е сладострастие во еден залак. Се потрудив да Ви ја илустрирам со вистинската фотографија, со цел што поживописно да ја доловам […]

Десерти

Крофни во форма на срце

Има денови кога сакам да си ја почестам душата со крофни. Ова најчесто ми се случува во зима, кога надвор е студено и ветровито, па сакам да му пркосам на времето со нешто топло и супер меко. Моите внуки најмногу ги сакаат крофните во форма на срце, токму поради тоа што изгледаат преслатко. Некогаш ги […]

Закуски Појадок Предјадења

Домашни варени ѓевречиња

Замислете си утро започнато со мирисот на топли ѓевречиња кој се шири по целиот дом. Секогаш кога ќе го почувствувам тој препознатлив мирис се навраќам во детството, на старите добри времиња, кога со нетрпение чекав да ми купат крцкаво ѓеврече. Денес, ѓевречињата си ги приготвувам сам бидејќи уживам во домашна и супер ароматична храна. Постапката […]

Главни Јадења Појадок

Превкусен ѓеврек сендвич

Го испробавте ли мојот рецепт за домашни ѓевречиња? Доколку се уште не сте го направиле тоа, ќе Ви дадам дополнителна мотивација за готвење со следниот ѓеврек-сендвич. Домашните варени ѓевречиња сами по себе се превкусна храна, но кога сакате да си поиграте со комбинациите на состојки, топлото ѓеврече може лесно да се претвори во раскошен сендвич.  […]

Закуски Предјадења

Посна салата со туна

Кога сакате да направите нешто вкусно и посно, Ви ја препорачувам оваа сочна и брза салата со компир, туна и зачини. Верувам дека толку многу ќе ви се допадне што ќе стане една од вашите омилени без разлика на тоа што има посни состојки. Можете да ја направите како дел од некоја празнична трпеза или […]

Закуски

Тортиља чипс со гвакамоле – готово за помалку од 20 минути

Тортиља чипсот и гвакамоле се вистинско динамично дуо кога станува збор за брзите закуски. Фудбалски натпревар, кино вечер или пак мало собирање со семејството и пријателите, е идеална прилика кога можете да ја направите оваа комбинација. Крцкавата зачинета тортиља, одлично се надополнува со супер кремастото гвакамоле, а постапката за приготвување е неверојатно лесна. Тортиља чипс […]

Десерти

5 освежителни сорбет комбинации

Нема ништо поосвежително од замрзнато овошје кое е добро изблендирано додека не ја добие конзистенцијата на сладолед. Оние кои сакаат нешто здраво, а воедно многу вкусно сигурно ќе уживаат во мојот домашен овошен сорбер. Ви споделувам 5 различни комбинации, кои се прават супер лесно и чиј вкус ќе Ве освежи во текот на жешките денови. […]