Автор: Davor

Закуски Појадок

Мини пити со сушени домати

Ако досега немавте навика да правите комбинација на павлака, кашкавал и сушени домати, наскоро ќе се навлечете на овој спој од вкусови. Мини питите кои што ќе ги споделам денес изгледаат мошне симпатично, а во исто време се превкусни, крцкави и просто незаменливи. За да бидат уште повпечатливи им додадов и малку магдонос. Можете да […]

Закуски

Лепче со сос за незаборавна седенка

Неделите се резервирани за дружба со семејството. Некогаш тоа е појадок, друг пат ручек, а многу често правиме и супер седенки со гледање филмови и играње друштвени игри. Во вакви ситуации ни треба нешто за замезување, а ова лепче со сос  во средината е токму тоа што се бара. Замислете си само колку е слатко […]

Десерти

Чоколадни плочки

Некогаш не мора да имате кој знае колку состојки, за да создадете нешто убаво како на вкус, така и на изглед. Чоколадните плочки се совршен пример за тоа дека и малку, може да биде многу кога правилно ќе ја насочите креативноста. Се прават за помалку од 10 миниути и се што ви треба е чоколадо […]

Закуски Предјадења

Декоративна закуска од компири

Кога за прв пат го послужив овој специјалитет на мојата трпеза, дел од моите пријатели мислеа дека станува збор за лиснато тесто. Но, ако погледнете малку подобро, тоа во суштина се компири. Моето експерименирање во кујната резултираше со вкусна декоративна закуска или подобро кажано мафини компири.  Се приготвуваат многу лесно, а изгледаат како да сте […]

Десерти Пијалоци

Топло чоколадо – омилениот зимски напиток

Зимската идила и празничната магија не се потполни ако при рака немате шолја домашно топло чоколадо. Без разлика дали на него гледате како на своевиден десерт или само како на вкусен напиток, топлото чоколадо едноставно е безвременско. Секогаш е поубаво да се насладите на шолја чоколадо, отколку на шолја чај, зар не? Овој викенд препуштете […]

Пијалоци

Освежителен летен пијалак со лимон и нане

Со летото доаѓаат летните горештини и потребата да се пијат многу течности. За мене водата е најдобрата опција за изгаснување на жедта, но понекогаш ми е тешко да ја консумирам во поголеми количини. Затоа си приготвувам освежителен летен пијалак со лимон и нане, кој освен тоа што ме разладува е едноставна и здрава опција за […]

Десерти

Африкански крофни

Денес на менито имаме еден малку поинаков рецепт, кој е своевиден хит во Африка. Ќе ви приготвам интересно тесто со путер кое се пржи во врел зејтин. Станува збор за вкусни африкански крофни кои имаат прекрасна кафена боја и се во форма на плетенка. Однадвор се крцкави, а од внатре преовладува мека текстура и топла […]

Десерти

Посна бајадера

Кога Ве обзема топлината на празничната еуфорија, подгответе нешто лесно, брзо и што е најважно посно. Овие бајадери се одлични за посните слави, а во исто време се и совршено благо за Божиќните пости. Толку се вкусни, што воопшто нема ниту да забележите дека во нив има посни состојки. Јас ги правам во форма на […]

Десерти

Празнични пиварки

Пиварките несомнено се едни од највкусните посни колачи кои што се прават на овие простори. Ровки се, се топат во уста, а во исто време и немаат некоја комплексна процедура на подготовка. Можете да ги направите за празничната сезона, но и за секоја друга прилика кога вашето семејство сака да вкусни нешто благо и добро […]

Десерти Појадок

Чоколадни вафли

Вафлите може да бидат прекрасен појадок или пак дел од неделниот бранч. Мојот рецепт ќе Ви помогне да направите автентични чоколадни вафли со крцкава надворешност и совршено лесна и мека внатрешност. Се што ви е потребно е апарат за вафли во кој што ќе може да ги испечете и неколку едноставни состојки за да ја […]