Автор: Davor

Десерти

Освежителен десерт готов за 10 минути

Во топлите летни денови сите сакаме нешто брзо и нешто освежително. Најдобрата опција за разладувачки десерт несомнено е чизкејкот. Досега Ви презентирав неколку верзии на домашен чизкејк со богат и интензивен вкус на шумско овошје и вишни, кои доколку се уште не сте ги испробале, дефинитивно треба да се најдат на вашата листа на рецепти […]

Пијалоци

Dalgona кафе во три превкусни верзии за сечиј вкус

Dalgona кафето е апсолутен хит за оваа 2020та, има само три состојки и стана ултра популарно низ целиот свет благодарение на TikTok. Изгледа дека сите беа маѓепсани од неговиот кремаст и моќен вкус, а воедно и од едноставната постапка за подготовка. Освен тоа изгледа мошне убаво и модерно и е како создадено за сторињата на […]

Закуски Теста

Лепче како создадено за вашите семејни собиранки

За денеска Ви подготвив едно мошне едноставно, но штосно лепче со кисели краставички, сенф и маслинки. Велам штосно бидејќи во него се комбинирани интересни вкусови, а во исто време изгледа мошне убаво за око. Ова лепче е идеално како за новогодишната, така и за божиќната трпеза, но и за сите оние домашни собиранки во текот […]

Теста

Пица ролнички за секоја пригода

Еден од рецептите кои доживеаја вистински бум на мојот Instagram профил, несомнено е оној за пица ролнички, кои се супер избор за појадок, вечера, а воедно и за сите оние пригоди кога на трпезата треба да принесете нешто што е вкусно, препознатливо и некомплицирано за подготовка. Бидејќи ги правам со домашно месено тесто, овие мини […]

Теста

Сукан зелник со праз и везени пиперки

За многумина месењето тесто и сукањето кори претставува еден од најголемите предизвици со кои што се соочуваат кога ќе влезат во кујната. За волја на вистината се што Ви е потребно за да приготвите супер мек зелник или крцкава пита, е во редовната пракса која ќе ви овозможи да стекнете искуство во работата со тесто. […]

Десерти

Егзотични колачиња направени со 4 состојки

Утрово станав со желба за колачиња. Но, не било какви колачиња, туку егзотични мали деликатеси кои се прават само со 4 состојки.  Особено ме радува што се приготвуваат за помалку од 20тина минути, вклучувајќи го тука и времето за печење, па знам дека нема да заглавам во кујната повеќе од потребно. Освен тоа во зависност […]

Десерти

Мед торта со ореви – комбинација создадена во рајот

Посебните пригоди заслужуваат и посебен десерт. Сочната мед торта со ореви е токму оној незаборавен вкус кој што совршено ќе се вклопи во сите оние мигови кои сакате да останат запаметени. Како што кажува и самото име на тортата, главната ѕвезда на рецептот е медот. Имате тегла мед во вашиот дом? Зошто да не го […]

Десерти

Домашни индијанки

Еклерите, тулумбите и индијанките се вистинска класика меѓу благите. Изгледа дека и покрај сите модерни десерти и варијации на слатки, никогаш не можеме да одолееме на овие препознатливи благи од нашето детство. Од познатото трио најмногу уживам во индијанки со чаша боза или чаша боровница. Но, наместо да ги купам од слаткарница, претпочитам да ги […]

Закуски Предјадења

Декоративна елка погача со фил од спанаќ и сирење

Рекле дека луѓето најпрвин јадат со очите, па дури потоа пристапуваат кон осознавање на јадењето преку мирисот и вкусот. Токму со оваа декоративна елка погача ќе биде малку поинаква од досега. Велам поинаква досега бидејќи е во форма на декоративна елка, која изгледа мошне убаво особено кога е поставена како централен елемент на трпезата. Мојот […]

Десерти

Брза летна торта

Во лето секогаш сакаме нешто што ќе можеме да го направиме без притоа да ја вклучуваме рерната и да се потиме на дополнителната топлина. Затоа брзите рецепти и оние без печење, се најпопуларни за жешките денови. За сите оние мигови кога немате време за приготвување комплицирани рецепти, а сакате нешто благо, Ви го препорачувам овој […]