Ако ме запрашате која ми е омилена пита, сигурно ќе ми биде потребно долго време пред да Ви одговорам. Впрочем не знам и дали воопшто ќе имам одговор на тоа прашање, бидејќи месените работи ми се едни од омилените рецепти за подготовка. Без разлика дали се со готови или сукани кори, ги доживувам како нешто […]
Автор: Davor
Празнични колачиња со два типа на ореви
Празничната магија секогаш може да се зачини со нов тип на празнични колачиња. Овој пат ќе Ви покажам како да направите мини лапни-голтни колачиња со два вида на ореви – обични и пекан ореви. Пекан оревите имаат изразито сладок и путерест вкус и се со блага шумска арома. Надворешноста е малку горчлива, а внатрешноста има […]
Празнични колачи со бадеми и портокал
Никогаш доста од празнични колачиња. Не знам за Вас, но јас уживам во нивната подготовка, дури и во доцните часови од ноќта кога сите спијат, а јас копнеам за нешто благо. Денешните колачиња се направени со две состојки кои одлично се надополнуваат една со друга и се една од најчестите комбинации, не само за колачи, […]
Ароматични колачиња со цимет, ѓумбир и каранфилче
Нешто убаво мириса од мојата кујна! Нешто благо, крцкаво и многу вкусно! Можете ли да погодите што? Денес ќе ви ги презентирам моите ароматични колачиња со цимет, ѓумбир и каранфилче. Ќе ве пленат со својот рустичен изглед, но она на што навистина нема да можете да одолеете несомнено е нивниот вкус. Ова се првите колачиња […]
Ѓевречиња со путер и мед – појадок од детството
Пред некое време Ви покажав како да направите неверојатни домашни варени ѓевречиња, кои можете да ги комбинирате на најразлични начини. Овие превкусни крцкави ѓевречиња ме вратија во детството, кога утрата пред да одам на училиште, новиот ден го започнував со нешто многу едноставно, но во исто време и многу впечатливо. Најмногу се радував кога за […]
Чоколадна торта без брашно – совршен рецепт за Велигден
Мојата омилена чоколадна торта е една од оние торти кои верувале или не се подготвуваат без брашно. Да, добро прочитавте! Во ова чоколадно задоволство нема ни грам брашно. Тоа воопшто не е важно, бидејќи ова со сигурност е најдобрата чоко торта која што некогаш сте ја пробале. Нејзиниот изглед е помалку рустичен што ја прави […]
Чоколадни табли со суво овошје и јаткасти плодови
Излозите на познатите продавници за благо вообичаено се украсени со најразлични слатки, меѓу кои и парчиња од чоколадни табли со суво овошје и јаткасти плодови како бадеми, лешници, ореви или ф`стаци. Не знам за Вас, но јас секогаш паѓам во искушение да си купам по некое парче чоколадо. Кога немам прилика да купам, тогаш ги […]
Храна на која не може да и се одолее
Dolce far niente е животното мото кое совршено го опишува животот на еден Италијанец. Убавината е сега и тука, па што друго преостанува освен да се ужива. Италијанската кујна е рај! Не можам сè уште да се убедам со кој интензитет, внимание и посветеност Италијанците ја негуваат нивната традиција, кога станува збор за традиционалните рецепти. […]
Сирењаци какви што не сте пробале
Подготвени сте за малку поинаков појадок? Сирењаците кои што ќе ги направиме денес се различни од се што досега сте го пробале. Тие се меки, ароматични, помалку необични, но неверојатно вкусни и се подготвуваат на многу лесен начин. При првото споделување на овој рецепт на мојот Instagram профил, овие вкусни сирењаци веднаш станаа хит. Изгледа […]
Семеен рецепт за селско месо
Селското месо е едно од најпрепознатливите јадења во домашната кујна. Без разлика на тоа кој како го подготвува, овој превкусен специјалитет е вистински гастрономски деликатес кој совршено оди рака под рака со чаша квалитетно црвено вино. Горд сум што можам да кажам дека рецептот што ќе го споделам денес во Вас е оној по кој […]
