Во топлите летни денови, нема ништо поосвежувачко од чаша студена лимонада. Затоа се одлучив за интересен рецепт кој мене ми стана омилен – лимонада со малини.
Богатиот и киселкаст вкус на малините ме воодушевува, па затоа не пропуштам да купам по некое канче кога има на залиха на зелените пазари. Овојпат, тие се најдоа како одличен додаток на свежата лимонада.
Розевата лимонада ја сервирав во мали теглички, со интересни и разиграни цевки.
Совршен напиток и за мали и за големи!

Лимонада со малини

Богатиот и киселкаст вкус на малините ме воодушевува, па затоа не пропуштам да купам по некое канче кога има на залиха на зелените пазари.
- 350 мл. свеж сок од лимон
- 1 л. вода
- 250 гр. малини
- 70 гр.
- 50 гр. шеќер
- 50 мл. вода
- мраз
- Во длабок бокал ставете го сокот од лимон и водата.
- Малините и шеќерот (70 гр.) сварете ги додека не се распаднат, а потоа прецедете ги низ цедалка. Течноста додадете ја во бокалот.
- Сварете едноставен шербет од 50 гр. шеќер и 50мл. вода, изладете го комплетно и додадете го во бокалот. Промешајте и додадете многу мраз.
- Сервирајте ја во мали чашки и уживајте со супер кул друштво. - Добар апетит за готвење! 

 Здраво! Се викам Давор и добродојдовте во мојот дел од рајот.Прв пат започнав со печење и готвење одамна за да ги зачувам омилените рецепти , но тоа се разви во нешто што стана голем дел од мојот живот .Сите јадења се инспирирани од рецептите на баба ми и мајка ми, излегувања или само од она што јас ќе го најдам во фрижидерот. Со користење на едноставни , свежи состојки, можете да создадете вкусни , софистицирани и брзи јадења за вас и вашето семејство .