Нема ништо повкусно од тоа да си подготвите домашен сладолед. Од една страна, брзо се подготвува – за само 5 минути, а од друга страна пак ќе бидете сигурни дека јадете сладолед без екстра додадени шеќери ( освен што се содржани во кондензираното млеко и кесичките шлаг). Децата со сигурност ќе му се израдуваат, а дококолку сакате можете да ја дуплирате дозата и да имате сладолед во текот на целата недела.
Потребни состојки:
375 мл. Млеко
3 кесички за шлаг
150 мл. Кондензирано млеко
50 мл. јогурт
3 праски исечкани на коцки
1 лажичка циметВо длабок сад изматете ги заедно млекото, кесичките за шлаг и кондензираното млеко во лесна шлаг пена ( внимавајте да не биде цврста). Потребно е да биде полу густа. Додадете го јогуртот, циметот и парчињата праска и промешајте додека смесата не се соедини. Префрлете ја смесата во сад за замрзнување и одозгора додадете уште неколку парчиња исечкани праски Замрзнете минимум 3 часа.

Добар апетит и забавно готвење!

 Здраво! Се викам Давор и добродојдовте во мојот дел од рајот.Прв пат започнав со печење и готвење одамна за да ги зачувам омилените рецепти , но тоа се разви во нешто што стана голем дел од мојот живот .Сите јадења се инспирирани од рецептите на баба ми и мајка ми, излегувања или само од она што јас ќе го најдам во фрижидерот. Со користење на едноставни , свежи состојки, можете да создадете вкусни , софистицирани и брзи јадења за вас и вашето семејство .