Тортиља чипсот и гвакамоле се вистинско динамично дуо кога станува збор за брзите закуски. Фудбалски натпревар, кино вечер или пак мало собирање со семејството и пријателите, е идеална прилика кога можете да ја направите оваа комбинација.

Крцкавата зачинета тортиља, одлично се надополнува со супер кремастото гвакамоле, а постапката за приготвување е неверојатно лесна.
Тортиља чипс со гвакамоле

Крцкавата зачинета тортиља, одлично се надополнува со супер кремастото гвакамоле, а постапката за приготвување е неверојатно лесна.
За тортиља чипсот
- 4 тортиљи (пресечени на мали триаголници)
- 2 лажици маслиново масло
- 1/2 лажичка буковец
- 1/2 лажичка сув босилек
- сол и мелен црн пипер по вкус
За гвакамолето:
- 2 зрели авокада
- 1 чешне лук
- 2 млади кромидчиња (ситно исечкани)
- 1/2 лимон (свежо исцеден)
- кора од 1/4 лимон
- 1/2 свеж домат (ситно исечкан)
- 1 лажица маслиново масло
- сол по вкус
- 1/2 лажичка буковец
Пресечените тортиљипромешајте ги заедно со маслото за јадење, буковецот, босилекот, солта и мелениот црн пипер.
Печете во загреана рернана 150 степени околу 7-10 минути, повремено промешувајќи го чипсот. Оставете дасе излади.
Во длабок садиспасирајте ги авокадата со вилушка и додајте го ситно исечканото лукче,младиот кромид, сокот и кората од лимон, доматот, маслиновото масло солта ибуковецот.
Добро промешајте исервирајте во чинија како сос со тортилјите.
Добар апетит и забавно готвење!

