Празнична комбинација: Куглоф со портокал и брусница

Посакувате совршен десерт за празниците?
Вистинската комбинација на вкусови е спој на портокал, брусница и бело чоколадо, „спакувани” во сочен ароматичен празничен куглоф, кој е како создаден за Божиќ. Сите оние кои сакаат да ги воодушеват своите најблиски со нешто мошне едноставно, а воедно супер вкусно, миризливо и впечатливо, треба да го испробаат овој рецепт.

Што го прави празничниот куглоф поинаков од се она што сте го пробале до сега? Има неколку интересни состојки, меѓу кои и пекан ореви, кои му даваат посебен шмек и текстура.

куглоф

Кога ќе го приготвите низ целиот дом ќе се рашири неодоливиот мирис на портокали и ванила. Прелијте го со растопено бело чоколадо и декорирајте со брусница, кора од портокал и ореви. Во студените зимски утра парче од овој неверојатен куглоф одлично се надополнува со шолја топло кафе. Може да го комбинирате и со овошен чај, а навечер може да уживате во него со чаша млеко.

Празнична комбинација: Куглоф со портокал, брусница и бело чоколадо

Вистинската комбинација на вкусови е спој на портокал, брусница и белочоколадо, „спакувани” во сочен ароматичен празничен куглоф, кој е како создаден за Божиќ.

  • 250 г путер или маргарин
  • 200 г шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 6 јајца (на собна температура)
  • 250 г кисело млеко или кисела павлака
  • 100 г бело чоколадо (растопено)
  • 350 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 100 г сува брусница
  • 70 г ореви
  • 70 г пекан ореви
  • Kора од 1 портокал
  1. Во длабок сад најпрво изматете ги путерот, ванилата и шеќерот. Матете додека не добиете пенеста смеса и целиот шеќер не е соединет со путерот. Додајте ги јајцата, едно по едно мешајќи добро помеѓу секое додавање.
  2. Потоа следи додавањето на растопеното чоколадо. Матете додека смесата не се изедначи. На крај додадете го киселото млеко. Во друг сад промешајте ги брашното и прашокот за печиво и додајте ги во смесата со течните состојки. Во вака приготвената смеса додадете брусница, сечкани ореви и сечкани пекан ореви. На крајот, додајте ја и кората од еден портокал и промешајте.
  3. Смесата префрлете ја во калап за куглоф кој претходно ќе го премачкате со путер и набрашните со брашно. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40-50 минути или додека чепкалката не излезе чиста при проверката на колачот.
  4. Декорирајте со глазура од бело чоколадо, сува брусница, кора од портокал, пекан и обични ореви и мини мандарини.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *