Од мојата богата палета на домашни пити денес ви ја претставувам онаа со хељда, која е одличен здрав избор за појадок. Можете да ја направите и со обични кори, но доколку сакате во потполност да го доловите вкусот на овој рецепт Ви препорачуваме да ги изберете оние со хељда. Наполнета е со фил од несолена […]
Месец: м.г
Чизкејк со малина и ванила
Секое време е добро време за чизкејк, особено ако станува збор спој од малини и ванила. Нема да звучам воопшто скромно, кога ќе кажам дека за ваков чизкејк ќе ја прекинете диетата, во доцните часови ќе го посетите фрижидерот и скришум ќе го јадете последното парче, за да не ве насетат домашните. Лесно се подготвува, […]
Колачи со чоколадо и малина
На една од масите во мојата кујна секогаш стои голем стаклен сад преполн со колачиња. Ова е мојата тегла за „прва помош“ во ситуации кога ќе ми се најават неочекувани гости, или пак едноставно копнеам по мало слатко задоволство додека го пијам утринското кафе и уживам во сончевите зраци на новиот ден. Во садот има […]
Домашна пица со крцкаво тесто
Секој врвен пица мајстор во ракав крие по некој трик поради кој неговата пица е поинаква и повкусна од преостанатите. Мојата тајна за оваа домашна пица е во прскањето на тестото со вода непосредно пред самото печење, постапка која ќе ви помогне да добиете крцкави краеви и прекрасна златно-кафена боја. Кога сакам нешто пикантно, користам […]
Колач со тиква и чоколадни парчиња
Сезоната на нејзиното величество -тиквата ја отворам со најдобрата можна комбинација – колач со тиква и чоколадо. Приготвуваме сочен колач со чоколадни парчиња за максимално уживање во вкусовите кои ни ги носи есента. Покрај препознатливата кремаста текстура на тиквата и блажината на чоколадото, во овој колач додадов и грст ореви за да ја доловам саканата […]
Ролнички со крем супа од печурки
Рецептот за овие едноставни печени ролнички настана сосема случајно. Беше ладна и врнежлива вечер, па наместо да одам до најблискиот супермаркет си реков да си направам вечера од она што веќе го имам во свој дом. Тост леб и крем супа со печурки на прв поглед не ветуваат многу, но кога ќе почнете да размислувате […]
Домашен леб
Кога веќе го направивме ајварот и другата зимница, ни остана да направиме и вкусно домашно лепче. Оние кои уживаат во едноставни нешта, знаат колкаво е задоволството кога на кришка од штотуку испечен топол леб ќе се намачка ајварче и ќе му се додадат парченца бело сирење. За оваа безвременска и култна комбинација, денес Ви презентирам […]
Проверен рецепт за вкусна пастрмалија
Барате испробан рецепт за домашна пастрмалија која вреди прсти да излижеш? Мислам дека го имам совршениот рецепт за Вас. Мојата пастрмалија со крцкаво ароматично тесто и сочен фил од бело месо, кашкавал и јајце е сладострастие во еден залак. Се потрудив да Ви ја илустрирам со вистинската фотографија, со цел што поживописно да ја доловам […]
Крофни во форма на срце
Има денови кога сакам да си ја почестам душата со крофни. Ова најчесто ми се случува во зима, кога надвор е студено и ветровито, па сакам да му пркосам на времето со нешто топло и супер меко. Моите внуки најмногу ги сакаат крофните во форма на срце, токму поради тоа што изгледаат преслатко. Некогаш ги […]
Домашни варени ѓевречиња
Замислете си утро започнато со мирисот на топли ѓевречиња кој се шири по целиот дом. Секогаш кога ќе го почувствувам тој препознатлив мирис се навраќам во детството, на старите добри времиња, кога со нетрпение чекав да ми купат крцкаво ѓеврече. Денес, ѓевречињата си ги приготвувам сам бидејќи уживам во домашна и супер ароматична храна. Постапката […]

 
             
             
             
             
             
             
             
             
            