Чизкејк коцките со прелив од шумско овошје спаѓаат во категоријата на најосвежителни десерти кои што досега сум ги приготвил. Бисквит основата е совршен контраст на кремастата текстура на филот со кисело млеко, додека глазурата од шумско овошје освен што е супер свежа и красита, воедно е во моќна впечатлива црвена боја. Затоа коцките освен што […]
Месец: м.г
Цитрусна лимон – ванила торта
Оваа летна и освежителна торта со егзотичен фил и одлична арома на лимон има спектакуларна декорација, па од се срце ќе ви препорачам да ја направите за некоја посебна прилика, како на пример некоја прослава. Јас ја приготвив за еден од моите родендени и морав да чекам 10тина минути додека моите гости, буквално не и […]
5 верзии на чиа пудинг
Размислувате со каков здрав појадок да го започнете денот? Мојот предлог е чиа пудинг. Чиа семето е одличен извор на омега 3 масни киселини, мошне е богато со калциум и магнезиум, а воедно го зголемува и чувството на ситост. Јас претпочитам да го направам чиа пудингот од вечер за наредното утро, кога ќе уживам во […]
Печен модар домат
Модрите домати секојдневно се присутни на нашата трепеза. Речиси и не познавам човек кој на некој начин не ужива во вкусот на овој зеленчук. Некои луѓе ги сакаат бидејќи лесно се приготвуваат, а други поради ниската калориска вредност. Кога ги купувате секогаш избирајте ги оние кои изгледаат сјајно и цврсто, а доколку не ги користите […]
Пуслица ролат
Кога не сакам да правам торта, а сепак сакам да направам нешто што барем приближно ќе ме потсетува на неа, се определувам за ролат. Овој воздушест и наизглед деликатен десерт, е интересен спој на благ и красит вкус, кој е крунисан со ситни парчиња ф’стаци. Многумина мислат дека во правењето на пуслица ролатот има некоја […]
Брза торта без печење
Тирамисуто е своевиден софистициран грев. Колку и да сакате да не паднете во искушението на овој десерт, едноставно е невозможно бидејќи вешто ве мами како со својот вкус, така и со навистина краткото време за подготовка. Кога се изгледа така просто и практично, зарем може да му се рече не? Ако досега сте правеле тирамису, […]
Ресана торта без печење – торта за „итни случаи“
Ресана торта – уште ја нарекувам „торта за итни случаи“. Тоа се сите оние мигови кога имате потреба од благо, но немате време или пак не сакате да заглавите во кујната. За само десетина минути, веќе имате домашна торта со одлична комбинација на вкусови, а воопшто не сте ја вклучиле рерната. За овој рецепт најчесто […]
Двојно печени компири полнети со крем фил
Кој може да му одолее на крцкав печен компир наполнет со кремаст фил кој се топи во уста при секој залак? Јас сигурно не! Сите ние, повеќе или помалку го користиме компирот на нашата трпеза, но ретко кога го претвораме во мини кулинарско дело достојно за восхит. Затоа си поиграв со оваа секојдневна намирница и […]
Чоколаден мус без печење
Чоколадниот мус е декадентен десерт со кремаста текстура и моќен вкус на чоколадо. При изборот на чоколадо за овој рецепт, Ви препорачувам секогаш да избирате чоколадо кое содржи поголем процент на какао. Колку повеќе какао толку повеќе вашиот мус ќе има побогат и поинтензивен вкус. Она што уште повеќе ќе ви се допадне кај овој […]
Печени ајварки полнети со урда и ореви
Есента е како создадена за приготвување на ајвар, лутеница, малиџано и многу други превкусни деликатеси од печени пиперки. Тоа е време кога целото семејство се собира на едно место за да помогне во традиционалната подготовка на зимницата. Време кога се дружиме, евоцираме спомени и со своето учество во готвањето споделуваме дел од својата љубов во […]
