Излозите на познатите продавници за благо вообичаено се украсени со најразлични слатки, меѓу кои и парчиња од чоколадни табли со суво овошје и јаткасти плодови како бадеми, лешници, ореви или ф`стаци. Не знам за Вас, но јас секогаш паѓам во искушение да си купам по некое парче чоколадо. Кога немам прилика да купам, тогаш ги […]
Месец: м.г
Храна на која не може да и се одолее
Dolce far niente е животното мото кое совршено го опишува животот на еден Италијанец. Убавината е сега и тука, па што друго преостанува освен да се ужива. Италијанската кујна е рај! Не можам сè уште да се убедам со кој интензитет, внимание и посветеност Италијанците ја негуваат нивната традиција, кога станува збор за традиционалните рецепти. […]
Сирењаци какви што не сте пробале
Подготвени сте за малку поинаков појадок? Сирењаците кои што ќе ги направиме денес се различни од се што досега сте го пробале. Тие се меки, ароматични, помалку необични, но неверојатно вкусни и се подготвуваат на многу лесен начин. При првото споделување на овој рецепт на мојот Instagram профил, овие вкусни сирењаци веднаш станаа хит. Изгледа […]
Семеен рецепт за селско месо
Селското месо е едно од најпрепознатливите јадења во домашната кујна. Без разлика на тоа кој како го подготвува, овој превкусен специјалитет е вистински гастрономски деликатес кој совршено оди рака под рака со чаша квалитетно црвено вино. Горд сум што можам да кажам дека рецептот што ќе го споделам денес во Вас е оној по кој […]
Освежителен десерт готов за 10 минути
Во топлите летни денови сите сакаме нешто брзо и нешто освежително. Најдобрата опција за разладувачки десерт несомнено е чизкејкот. Досега Ви презентирав неколку верзии на домашен чизкејк со богат и интензивен вкус на шумско овошје и вишни, кои доколку се уште не сте ги испробале, дефинитивно треба да се најдат на вашата листа на рецепти […]
Dalgona кафе во три превкусни верзии за сечиј вкус
Dalgona кафето е апсолутен хит за оваа 2020та, има само три состојки и стана ултра популарно низ целиот свет благодарение на TikTok. Изгледа дека сите беа маѓепсани од неговиот кремаст и моќен вкус, а воедно и од едноставната постапка за подготовка. Освен тоа изгледа мошне убаво и модерно и е како создадено за сторињата на […]
Лепче како создадено за вашите семејни собиранки
За денеска Ви подготвив едно мошне едноставно, но штосно лепче со кисели краставички, сенф и маслинки. Велам штосно бидејќи во него се комбинирани интересни вкусови, а во исто време изгледа мошне убаво за око. Ова лепче е идеално како за новогодишната, така и за божиќната трпеза, но и за сите оние домашни собиранки во текот […]
Пица ролнички за секоја пригода
Еден од рецептите кои доживеаја вистински бум на мојот Instagram профил, несомнено е оној за пица ролнички, кои се супер избор за појадок, вечера, а воедно и за сите оние пригоди кога на трпезата треба да принесете нешто што е вкусно, препознатливо и некомплицирано за подготовка. Бидејќи ги правам со домашно месено тесто, овие мини […]
Сукан зелник со праз и везени пиперки
За многумина месењето тесто и сукањето кори претставува еден од најголемите предизвици со кои што се соочуваат кога ќе влезат во кујната. За волја на вистината се што Ви е потребно за да приготвите супер мек зелник или крцкава пита, е во редовната пракса која ќе ви овозможи да стекнете искуство во работата со тесто. […]
Егзотични колачиња направени со 4 состојки
Утрово станав со желба за колачиња. Но, не било какви колачиња, туку егзотични мали деликатеси кои се прават само со 4 состојки. Особено ме радува што се приготвуваат за помалку од 20тина минути, вклучувајќи го тука и времето за печење, па знам дека нема да заглавам во кујната повеќе од потребно. Освен тоа во зависност […]
