Празнични колачи со бадеми и портокал

Никогаш доста од празнични колачиња. Не знам за Вас, но јас уживам во нивната подготовка, дури и во доцните часови од ноќта кога сите спијат, а јас копнеам за нешто благо.

Денешните колачиња се направени со две состојки кои одлично се надополнуваат една со друга и се една од најчестите комбинации, не само за колачи, туку и за други типови на десерти. Освежувачката еуфорија од портокалот заедно со крцкавата текстура и мирис на бадемите, се совршена симбиоза на компоненти за создавање на овие ароматични колачиња. Поради гризот и путерот се супер ровки и се топат во уста, па воопшто не се сомневам дека навистина ќе Ви се допаднат. Можете да ги чувате и по неколку дена бидејќи колку повеќе стојат, толку се повкусни.

Празнични колачиња со бадеми и портокал

Поради гризот и путерот сесупер ровки и се топат во уста, па воопшто не се сомневам дека навистина ќе Висе допаднат. Можете да ги чувате и по неколку дена бидејќи колку повеќе стојат,толку се повкусни.

  • 150 г путер
  • 120 г шеќер
  • Кора од 1 портокал
  • 150 г гриз
  • 100 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 60 г ситно сечкани бадеми
  1. Во длабок сад изматете го путерот заедно со шеќерот и ванилата.
  2. Додајте ја кората од портокал и промешајте. Додајте ги гризот, брашното, прашокот за печиво и сечканите бадеми.
  3. Промешајте и со помош на две лажички нанесете од смесата во тавче обложено со хартија за печење.
  4. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *