Ароматични колачиња со цимет, ѓумбир и каранфилче

Нешто убаво мириса од мојата кујна! Нешто благо, крцкаво и многу вкусно! Можете ли да погодите што?

Денес ќе ви ги презентирам моите ароматични колачиња со цимет, ѓумбир и каранфилче. Ќе ве пленат со својот рустичен изглед, но она на што навистина нема да можете да одолеете несомнено е нивниот вкус. Ова се првите колачиња на кои што ќе помислите кога помислувате на празници и на топла домашна атмосфера помината во друштво со најблиските. Едноставно се магични!

За најдобра презентација земете тегла со средна големина, наполнете ја со колачиња и на крајот украсете ја со интересна панделка. Вака украсениот сад со колачиња поставете го на трпезата или пак на некоја масичка во дневната соба.

Ароматични колачиња со цимет, ѓумбир и каранфилче

Ова се првите колачиња накои што ќе помислите кога помислувате на празници и на топла домашна атмосферапомината во друштво со најблиските. Едноставно се магични!

  • 230 г брашно
  • 200 г шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 лажички мелен ѓумбир
  • ½ л мелено каранфилче
  • 1 л цимет
  • 140 г путер
  • 60 мл мед
  • 1 јајце
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 60 г шеќер за превалкување
  1. Во длабок сад изматете ги путерот, медот, јајцето, ванилата и шеќерот. Во друг сад измешајте ги заедно брашното, солта, содата, мелениот ѓумбир, каранфилчето и циметот.
  2. Додајте ги сувите во влажните состојки и промешајте додека не добиете изедначена смеса. Вака добиеното тесто за колачи покријте го со хартија за свежа храна и оставете во ладилник да се стегне околу 3 часа.
  3. Потоа оформете мали топчиња со помош на лажичка и превалкајте ги во кристален шеќер. Наредете ги колачињата во тавче за печење на големо растојание бидејќи при печењето ќе се рашират, а не треба да се допираат едно со друго.
  4. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути. Оставете да се изладат комплетно и послужете.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *