Егзотични колачиња направени со 4 состојки

Утрово станав со желба за колачиња. Но, не било какви колачиња, туку егзотични мали деликатеси кои се прават само со 4 состојки.  Особено ме радува што се приготвуваат за помалку од 20тина минути, вклучувајќи го тука и времето за печење, па знам дека нема да заглавам во кујната повеќе од потребно.

Освен тоа во зависност од расположението, правам две различни верзии – една со чоколаден крем со лешник и една со чоколаден крем со кокос. Ако ме запрашате која е поубава, најверојатно ќе се определам за опцијата со кокос, но за волја на вистината и двата типа на колачиња се топат во уста, така да нема да погрешите ако направите по една доза и од двете. За новогодишните празници можете да бидете и малку повеќе креативни, па секое колаче да го ставите во проѕирна кесичка и да го закачите како украси на новогодишната елка. Вашите најблиски и гостите со сигурност ќе паднат во искушение да ви украдат некој „лампион“.

Егзотични колачиња направени со 4 состојки

Особено ме радува што се приготвуваат за помалку од 20тина минути, вклучувајќи го тука и времето за печење, па знам дека нема да заглавам во кујната повеќе од потребно.

  • 240 г чоколаден крем со кокос
  • 1 јајце
  • 130-150 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  1. Најпрво ставете го чоколадниот крем на топло место за да стане течен. Потоа, во длабок сад ставете го и промешајте го со јајцето. Додајте го брашното и прашокот за печиво и оформете тесто.
  2. Со помош на вашите дланки оформете мали топчиња и наредете ги во тавче обложено со хартија за пeчење. Со помош на шпатула или виљушка, притиснете ги сите колачиња за да ги израмните во тавчето.
  3. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 8-10 минути. Оставете да се оладат 10 минути во тавчето во кое се печеле и сервирајте со шолја кафе.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *