Во лето секогаш сакаме нешто што ќе можеме да го направиме без притоа да ја вклучуваме рерната и да се потиме на дополнителната топлина. Затоа брзите рецепти и оние без печење, се најпопуларни за жешките денови.
За сите оние мигови кога немате време за приготвување комплицирани рецепти, а сакате нешто благо, Ви го препорачувам овој испробан десерт со егзотичен вкус на кокос и крцкави бисквити.
Брза летна торта

Во лето секогашсакаме нешто што ќе можеме да го направиме без притоа да ја вклучуваме рернатаи да се потиме на дополнителната топлина. Затоа брзите рецепти и оние безпечење, се најпопуларни за жешките денови.
- 2 пудинга од кокос
- 700 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 лажица салеп
- 250 г путер
- 50 г шеќер во прав
- 600 г бисквити
- 200 мл млеко за потопување на бисквитите
- 2 кесички за шлаг
- 250 мл млеко
- Во тенџере на оган ставете половина од млекото да се загрее. Во другата половина промешајте ги пудинзите, салепот и шеќерот.
- Претурете ја смесата во топлото млеко и сварете го пудингот. Кога ќе се згусне тргнете од оган и покријте со хартија за свежа храна за да не фати кора. Кога комплетно ќе се излади додадете го путерот и шеќерот во прав и матете со миксер додека не се изедначи целата смеса.
- Обложете со хартија за свежа храна, округло тавче на механизам и земете бисквита по бисквита потопете ја во млеко и нанесете од филот. Наредете ги бисквитите исправени една до друга пополнувајќи го целото тавче. Оставете да се стегне и премачкајте ја целата торта со изматениот шлаг.
- Декорирајте со мелени бисквити или ореви. - Добар апетит и забавно готвење! 

 Здраво! Се викам Давор и добродојдовте во мојот дел од рајот.Прв пат започнав со печење и готвење одамна за да ги зачувам омилените рецепти , но тоа се разви во нешто што стана голем дел од мојот живот .Сите јадења се инспирирани од рецептите на баба ми и мајка ми, излегувања или само од она што јас ќе го најдам во фрижидерот. Со користење на едноставни , свежи состојки, можете да создадете вкусни , софистицирани и брзи јадења за вас и вашето семејство .