Лепеза компир со кулен

Често готвам со компир и досега сум направил повеќе различни рецепти со овој зеленчук. Сепак, начинот на подготовка што ќе Ви го презентирам сега ми е еден од омилените.

Едната причина поради која што е така е изборот на состојките и самиот вкус на пречениот специјалитет. Другата причина е неговата практичност. Доволен ми е само еден компир за да го трансформирам во комплетно јадење, а во исто време да не направам речиси никаков неред во кујната.

Практично, богато на вкус и впечатливо на изглед.

Лепеза компир со кулен

Доволен ми е само еден компир за да го трансформирам во комплетно јадење, а во исто време да не направам речиси никаков неред во кујната.

  • 4 долги компири
  • 4 лажици сенф
  • 100 мл масло за јадење
  • Сол и мелен црн пипер
  • 100 г кулен
  • 50 г кашкавал
  • Свежа мајчина душичка или оригано
  1. Исечкајте ги компирите на тркалца, но не целосно, бидејќи треба да останат во една целина како на фотографијата. Помеѓу секое тркалце премачкајте со сенф, сол и мелен црн пипер. Додадете оригано или мајчина душичка. Во секоја празнина додадете кулен.
  2. Целиот компир вака подготвен обвиткајте го во алуминиумска фолија со масло за јадење и печете го во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.
  3. Кога ќе биде готов додека е се уште топол врз него изрендајте кашкавал.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *