Едноставни кифла-мафини

Студените зимски денови се одлична прилика да направите меки, кифла-мафини, со мирис и вкус на путер. Се што ќе Ви биде потребно е плех за мафини во кој што ќе ги ставите едноставно обликуваните плетенки.

На овој начин ќе добиете интересна форма на кифла-мафини, кои освен тоа што изгледаат штосно, се и мошне вкусни.

Едноставни кифла-мафини

Се што ќе Ви биде потребно е плех за мафини во кој што ќе гиставите едноставно обликуваните плетенки.

  • 450 гр. брашно
  • 150 мл млеко
  • 50 мл масло за јадење
  • 50 мл вода
  • 1 лажичка инстант квасец
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 50 гр путер на собна температура
  1. Замесете тесто од сите состојки и оставете да отстои на собна температура околу 1 час. Размесете го и поделете го на 15 еднакви делови и секој од тие 15 еднакви делови поделете ги на два дела.
  2. Расукајте ги во долгнавести ленти и сплетете плетенка од двете ленти. Ставете ги во подмачкан плех за мафини и оставете 20 мин да одморат.
  3. Премачкајте со жолчка и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *