Чизкејк коцки со прелив од шумско овошје

Чизкејк коцките со прелив од шумско овошје спаѓаат во категоријата на најосвежителни десерти кои што досега сум ги приготвил.

Бисквит основата е совршен контраст на кремастата текстура на филот со кисело млеко, додека глазурата од шумско овошје освен што е супер свежа и красита, воедно е во моќна впечатлива црвена боја. Затоа коцките освен што се неверојатни на вкус, пленат и со својот огнено- црвен изглед. Во деновите кога тешко се справувате со летните горештини, овој десерт е одлична замена за сладолед.

Чизкејк коцки со прелив од шумско овошје

Во деновите кога тешко се справувате со летните горештини, овој десерт еодлична замена за сладолед.

За основата:

  • 150 г мелени бисквити
  • 4-5 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила
  • 120 г растопен путер или маргарин

За филот:

  • 400 г кисело млеко
  • 100-150 г шеќер во прав
  • 2 кесички за шлаг
  • 1 лажичка екстракт од ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 пакетче желатин (растворен во 4 лажици студена вода, а потоа растопен на пареа)

За преливот со шумско овошје:

  • 200 г шумско овошје (вишни, малини, јагоди, аронија..)
  • 3 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  1. За да ја подготвите основата, во длабок сад ставете ги мелените бисквити, шеќерот, ванилата и растопениот путер или маргарин. Префрлете ја смесата во мало тавче 18х18см ( за поголемо тавче дуплирајте ја дозата на сите состојки). Со помош на шпатула рамномерно распределете ја основата.
  2. За да го подготвите филот, во сад ставете го киселото млеко и додајте го шеќерот во прав и добро промешајте. Додајте ги и кесичките за шлаг, екстрактот од ванила и добро промешајте. Додајте го растопениот желатин и промешајте. Префрлете го филот врз основата и оставете во ладилник да се стегне околу 3-4 часа.
  3. Пред да сервирате во мало тенџере на оган ставете го шумското овошје, шеќерот и ванилата. Оставете смесата да врие околу 10 минути, а потоа поминете ја низ сито за да добиете чист сируп од шумско овошје.
  4. Сервирајте врз секое парче чизкејк од изладениот сируп и уживајте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *