Брза торта без печење

Тирамисуто е своевиден софистициран грев. Колку и да сакате да не паднете во искушението на овој десерт, едноставно е невозможно бидејќи вешто ве мами како со својот вкус, така и со навистина краткото време за подготовка. Кога се изгледа така просто и практично, зарем може да му се рече не?

Ако досега сте правеле тирамису, најверојатно сте користеле маскарпоне. Сепак, мојата верзија е малку поедноставнa, по достапна, но подеднакво примамлива и безобразно вкусна.

Совет плус: доколку не се брзате, оставете го десертот во ладилникот преку ноќ и сервирајте го следниот ден. На овој начин пишкотите целосно ќе го попримат еспресото и ќе добиете превкусна кремаста целина.

Торта без печење

Ако досега сте правеле тирамису, најверојатно сте користеле маскарпоне. Сепак, мојата верзија е малку поедноставнa, по достапна, но подеднакво примамлива и безобразно вкусна.

  • 400 г пишкоти
  • 1 шолја јако еспресо
  • 4 кесички за шлаг пена
  • 500 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 150 г квалитетно бело чоколадо
  • 70 г квалитетно црно чоколадо
  1. Во длабок сад изматете ги кесичките шлаг заедно со млекото и ванилата.

  2. Од овој шлаг одделете 5 лажици во друг сад, а во оној каде што ќе остане другиот дел од шлагот, додадете го растопеното бело чоколадо. Добро промешајте и оставете на страна.

  3. Во садот со 5-те лажици од шлагот додајте го црното чоколадо растопено на пареа. Промешајте и оставете на страна.

  4. Во длабок сад наредете ги пишкотите така што прво ќе ги потопите во еспресо. Наредете еден слој со пишкоти, а потоа нанесете половина од белиот фил. Наредете уште еден слој со пишкоти потопени во еспресои додајте го вториот дел од белиот фил.

  5. Одозгора нанесете го внимателно темниот дел од филот и распределете го по целата површина. Оставете тирамисуто да се стегне 4 часа или преку ноќ во ладилник.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *