Тортиља чипсот и гвакамоле се вистинско динамично дуо кога станува збор за брзите закуски. Фудбалски натпревар, кино вечер или пак мало собирање со семејството и пријателите, е идеална прилика кога можете да ја направите оваа комбинација.

Крцкавата зачинета тортиља, одлично се надополнува со супер кремастото гвакамоле, а постапката за приготвување е неверојатно лесна.
Тортиља чипс со гвакамоле

Крцкавата зачинета тортиља, одлично се надополнува со супер кремастото гвакамоле, а постапката за приготвување е неверојатно лесна.
За тортиља чипсот
- 4 тортиљи (пресечени на мали триаголници)
- 2 лажици маслиново масло
- 1/2 лажичка буковец
- 1/2 лажичка сув босилек
- сол и мелен црн пипер по вкус
За гвакамолето:
- 2 зрели авокада
- 1 чешне лук
- 2 млади кромидчиња (ситно исечкани)
- 1/2 лимон (свежо исцеден)
- кора од 1/4 лимон
- 1/2 свеж домат (ситно исечкан)
- 1 лажица маслиново масло
- сол по вкус
- 1/2 лажичка буковец
- Пресечените тортиљипромешајте ги заедно со маслото за јадење, буковецот, босилекот, солта и мелениот црн пипер. 
- Печете во загреана рернана 150 степени околу 7-10 минути, повремено промешувајќи го чипсот. Оставете дасе излади. 
- Во длабок садиспасирајте ги авокадата со вилушка и додајте го ситно исечканото лукче,младиот кромид, сокот и кората од лимон, доматот, маслиновото масло солта ибуковецот. 
- Добро промешајте исервирајте во чинија како сос со тортилјите. - Добар апетит и забавно готвење! 

 Здраво! Се викам Давор и добродојдовте во мојот дел од рајот.Прв пат започнав со печење и готвење одамна за да ги зачувам омилените рецепти , но тоа се разви во нешто што стана голем дел од мојот живот .Сите јадења се инспирирани од рецептите на баба ми и мајка ми, излегувања или само од она што јас ќе го најдам во фрижидерот. Со користење на едноставни , свежи состојки, можете да создадете вкусни , софистицирани и брзи јадења за вас и вашето семејство .