Милиброд со чоколадна глазура

Оние кои шетале по улиците на Солун, сигурно барем еднаш биле привлечени од раскошниот мирис на милиброд од една од локалните пекари. Навистина е тешко да и се оддоле на таа моќна арома која се шири низ воздухот, а да не се наврати барем на едно парче.

милиброд, козињак, milibrod

Сега ќе можете да уживате во неа и во топлината на вашиот дом, со мојот рецепт за неверојатно ароматичен, мек и сочен милиброд, прелиен со глазура од бело и темно чоколадо. Од оваа доза на состојки се добиваат два милиброди, што е одлично за уживање со пријателите и семејството.

Милиброд со чоколадна глазура

Од оваа доза на состојки седобиваат два милиброди, што е одлично за уживање со пријателите и семејството.

Да стаса на страна

  • 120 мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 20 г свеж квасец

За тестото

  • 500 г брашно
  • 150 г шеќер
  • кора од 1/2 лимон
  • 180 мл млако млеко
  • 100 г путер (омекнат)
  • 1 пакетче махлепи
  • 2 јајца (на собна температура)

За чоколадната глазура

  • 250 г темна чоколада (растопена)
  • 250 г бела чоколада (растопена )
  1. Во сад ставете ги квасецот,млакото млеко, брашното и шеќерот да стасаат околу 15 минути.

  2. Во голем сад ставете гисите состојки потребни за тестото и стасаниот квасец. Замесете меко тесто иоставете го да стаса околу 90-120 минути.

  3. Откако тестото ќе стасаподелете го на два еднакви делови и секој дел поделете го на три дела.

  4. Можете да го сплетете воплетенка или секој од деловите да го премачкате со мармалад од сливи и дасплетете плетенка.

  5. Оставете ги милибродите вотавче обложено со хартија за печење да стасаат околу 30 минути и премачкајте гисо изматено јајце.

  6. Печете во загреана рерна на180 степени околу 30-40 минути, а кога ќе бидат готови оставете ги да се изладат.

  7. Прелијте ги со растопеночоколадо и сервирајте.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *