Крофни во форма на срце

Има денови кога сакам да си ја почестам душата со крофни. Ова најчесто ми се случува во зима, кога надвор е студено и ветровито, па сакам да му пркосам на времето со нешто топло и супер меко.

крофни, krofni, donuts

Моите внуки најмногу ги сакаат крофните во форма на срце, токму поради тоа што изгледаат преслатко. Некогаш ги валкам во кристален шеќер со малку цимет, друг пат посегнувам по некој домашен џем, а кога сакам да играм на сигурно, ги полнам со нутела или ванила крем. Овој рецепт е одличен за родендени, семејни веселби, како и за Денот на вљубените, кога сакате да го изненадите својот партнер или партнерка со нешто вкусно направено од срце.

Крофни во форма на срце

Овој рецепт е одличен за родендени, семејнивеселби, како и за Денот на вљубените, кога сакате да го изненадите својотпартнер или партнерка со нешто вкусно направено од срце.

  • 350 г брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 3 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 150 г млако млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици масло за јадење
  1. Замесетемеко тесто од сите состојки и оставете го да стаса. Доколку тестото е многулепливо додајте малку брашно за да добиете меко и мазно тесто. Оставете го дастаса околу 40 минути на топло место, па потоа расукајте кора дебела околу 1см.

  2. Со калапза колачи во облик на срце пресечете ги крофните и пржете ги во загреано маслона средна температура.

  3. Поклопете го тенџерето со капак и пржете ги од дветестрани додека не добијат златно-кафенабоја.

  4.  Кога ќе бидат готови веднаш извалкајте гиво кристален шеќер или наполнете ги со Вашиот омилен фил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *