Колачи со чоколадо и малина

На една од масите во мојата кујна секогаш стои голем стаклен сад преполн со колачиња. Ова е мојата тегла за „прва помош“ во ситуации кога ќе ми се најават неочекувани гости, или пак едноставно копнеам по мало слатко задоволство додека го пијам утринското кафе и уживам во сончевите зраци на новиот ден.

kolaci so malina i cokolado

Во садот има најразлични типови на колачиња, меѓу кои и оние со вкус на чоколадо и малина, одлична комбинација каде свежиот вкус на малината како да флертува со топлите ноти на чоколадото, создавајќи единствен и неповторлив вкус.   

Се подготвуваат за неверојатни 20 -25 минути вклучувајќи го тука и времето за печење, па доколку токму денес ви се јадат колачиња Ви препорачувам веднаш да започнете со подготовката.

Колачи со чоколадо и малина

Се подготвуваат за неверојатни 20 -25 минути вклучувајќи го тука и времето за печење, па доколку токму денес ви се јадат колачиња Ви препорачувам веднаш да започнете со подготовката.

  • 120 г путер или маргарин (омекнат)
  • 100 г шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 180 г брашно
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 100 г замрзнати малини
  • 70 г чоколадни капки (или исечкано чоколадо на коцки )
  1. Во длабок сад промешајте ги брашното, прашокот за печиво и прстофат сол.

  2. Во друг сад изматете го путерот или маргаринот пенесто заедно со шеќерот и ванилата. Додајте го јајцето и матете додека не добиете изедначена смеса.

  3. Додајте ги сувите состојки (брашното, печивото и солта измешани заедно) и со помош на шпатула добро промешајте додека не добиете тесто за колачиња.

  4. Додадете ги малините и чоколадните капки, мешајки внимателно за да не ја обоите целата смеса во розова боја од малините. Со помош на алатка за сладолед оформете ги колачињата и ставете ги во тавче обложено со хартија за печење.

  5. Со помош на набрашнета вилушка израмнете ги колачињата од две страни

  6. Печете во веќе загреанарерна на 190 степени околу 10-12 минути.

  7. Оставете да се изладат околу 10 минути, со што ќе ја добијат посакуваната цврстина.

    Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *