Секој врвен пица мајстор во ракав крие по некој трик поради кој неговата пица е поинаква и повкусна од преостанатите.
Мојата тајна за оваа домашна пица е во прскањето на тестото со вода непосредно пред самото печење, постапка која ќе ви помогне да добиете крцкави краеви и прекрасна златно-кафена боја.

Кога сакам нешто пикантно, користам кулен или чајна, додека кога ја приготвувам за вечера секогаш се определувам за полесна вегетаријанска опција, која е подеднакво вкусна. Вие можете да одите по мојот рецепт или пак да си направите своја верзија со омилените состојки.
Домашна пица со крцкаво тесто

Кога сакам нешто пикантно, користам кулен или чајна, додека кога ја приготвувам за вечера секогаш се определувам за полесна вегетаријанска опција, која е подеднакво вкусна.
- 360 г брашно
- 200 мл млака вода
- 1 пакетче сув квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 2-3 лажици маслиново масло
За топингот:
- доматен сос
- свежа тиквичка, исечкана на тенки парчиња
- свежи или марининирани шампињони
- оригано
- изрендан кашкавал
- парчиња кулен или чајна
- маслиново масло
Во длабок сад замесете тесто од сите наведени состојки. Оставете го тестото да стаса на собна температура околу 1 час.
Потоа поделете го на 4-5 делови, во зависност колкави сакате да бидат вашите пици. Растегнете го секој дел со помош на дланките (не го расукувајте тестото).
Ставете доматен сос, тиквичка, кулен, шампињони, кашкавал и суво оригано.
Полејте малку маслиново масло и печете во веќе добро загреана рерна на 190 степени. Штом го ставите тавчето со пицата во рерна испрскајте со вода и веднаш затворете ја рерната.
Печете 12-15 минути додека кората не добие убава златно-кафена боја.
Добар апетит и забавно готвење!

