Домашен леб

Кога веќе го направивме ајварот и другата зимница, ни остана да направиме и вкусно домашно лепче. Оние кои уживаат во едноставни нешта, знаат колкаво е задоволството кога на кришка од штотуку испечен топол леб ќе се намачка ајварче и ќе му се додадат парченца бело сирење.

За оваа безвременска и култна комбинација, денес Ви презентирам еден рецепт за домашно меко лепче, кое се приготвува на интересен начин.

Освен што е одличен на вкус, овој леб има и впечатлив изглед.

Домашен леб

Освен што е одличен на вкус, овој леб има и впечатлив изглед. Се подготвува на специфичен начин со помош на ножички за да добиете одлична презентација.

  • 350 г брашно
  • 200 мл млака вода
  • 1 1/2 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица маслиново масло
  1. Во длабок сад ставете гибрашното, сувиот квасец, солта и шеќерот. Додајте ја млаката вода и промешајтесо дрвена лажица за да ги соедините состојките. Потребно е да подготвите многулепливо и меко тесто.

  2. Покријте го садот сокрпа и оставете го тестото да стаса на собна температура околу 1 час.

  3. На добро набрашнетаработна површина префрлете го тестото и оформете долга векна (нешто слично какобагет леб). Тестото ќе биде многу лепливо, па често набрашнувајте ги рацете.

  4. Префрлете ја векната вотавче обложено со хартија за печење и со ножици под агол од 45 степенипресечете парчиња (не сечејки ги комплетно од векната). Премачкајте го лебот сомаслиново масло и по желба нарусете сусам, оригано и ким.

  5. Во лонче (илиогноотпорен сад) зовријте вода и ставете го во тавчето на страна. Причинатапоради која се става лончето со вода е да се создаде пареа во рерната припечење за да добиете добро нараснат леб кој нема да биде тврд.

  6. Префрлете го тавчето вовеќе загреана рерна на 220 степени и печете околу 25-30 минути. Од време навреме, на секои 7-8 минути, отворете ја рерната и со помош на прскалка со водапрснете неколку пати за да ја одржувате влагата во рерната.

  7. Штом го извадите леботод рерна покријте го со влажна крпа за да остане мек и до наредниот ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *