Чизкејк мафини со лимон

Ве уверувам дека овој десерт ќе ве освои уште на првото залче!
Класичниот чизкејк освојува со својот префинет вкус. Но овојпат, миксот на ровка и кремаста текстура доаѓа во форма на мафини. Плех или калап за мафини, изборот е ваш. Едно е сигурно-овој рецепт ќе ги освои вашите сетила! Дали би се согласиле со мене?

IMG_0006-cizkejk mafini.jpg

Чизкејк мафини со лимон

Ве уверувам дека овој десерт ќе ве освои уште на првото залче!

За подлогата од бисквити:

  • 150 гр. мелени бисквити
  • 5 лажици растопен путер

За чизкејк смесата:

  • 450 гр. неутрално крем сирење (на собна температура)
  • 100 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • сок од 1 лимон
  • кора од 1 лимон
  • 2 лажички екстракт од ванила

За декорација:

  • 250 гр. млеко
  • 2 кесички за шлаг
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • малини
  • гранчиња свежо нане
  1. Во длабок сад промешајте ги заедно мелените бисквити и растопениот путер. Потоа, во калап за мафини наредете корпици за мафини и наполнете по 1 лажица од смесата со бисквити. Со помош на мала чашка стиснете така што, ќе ја израмните подлогата со бисквити и растопен путер.
  2. Во блендер или сад со миксер, ставете го крем сирењето, шеќерот, јајцата, сокот и кората од лимон и екстрактот од ванила. Добро изблендирајте или изматете со миксер додека не се соедини целата смеса. Од оваа смеса наполнете ги корпите за мафини, така што би биле полни 3/4 од целиот простор.
  3. Печете во загреана рерна од 170 степени околу 15-17 минути. Оставете комплетно да се изладат, а потоа одстранете ги корпите за мафини.
  4. Во сад на страна изматете цврста шлаг пена од млекото, кесичките за шлаг и ванилата. Изматениот шлаг префрлете го во готварски шприц и нанесете на секое парче од чизкејк мафините. Декорирајте со малина и гранче свежо нане.

    Добар апетит и забавно готвење! 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *