Домашен сладолед со праска

Нема ништо повкусно од тоа да си подготвите домашен сладолед. Од една страна, брзо се подготвува – за само 5 минути, а од друга страна пак ќе бидете сигурни дека јадете сладолед без екстра додадени шеќери ( освен што се содржани во кондензираното млеко и кесичките шлаг). Децата со сигурност ќе му се израдуваат, а дококолку сакате можете да ја дуплирате дозата и да имате сладолед во текот на целата недела.

Потребни состојки:

375 мл. Млеко
3 кесички за шлаг
150 мл. Кондензирано млеко
50 мл. јогурт
3 праски исечкани на коцки
1 лажичка цимет
Во длабок сад изматете ги заедно млекото, кесичките за шлаг и кондензираното млеко во лесна шлаг пена ( внимавајте да не биде цврста). Потребно е да биде полу густа. Додадете го јогуртот, циметот и парчињата праска и промешајте додека смесата не се соедини. Префрлете ја смесата во сад за замрзнување и одозгора додадете уште неколку парчиња исечкани праски Замрзнете минимум 3 часа.

IMG_20180611_201423_352

Добар апетит и забавно готвење!

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *