Индивидуални мини Павлова тортички

Потребно:
8 белки на собна температура
прстофат сол
500 гр. шеќер
1 лажичка алкохолен оцет
1 лажица екстракт од ванила
500 мл. слатка павлака
овошје по желба за декорација на мини Павловите( јас користев јагоди, лимон и киви )

Во сад од електричен миксер изматете ги белките заедно со прстофат сол. Кога ќе започнат да создаваат пена, додадете го шеќерот постепено. Матете ја целата смеса додека не се растопи шеќерот комплетно. (околу 15 минути).
Кога шеќерот ќе биде растопен, додадете го оцетот и ванилата. Добро промешајте околу 1 минута. Со помош на голема лажица нанесете од изматените белки формирајќи мини тортички на тава обложена со хартија. Од оваа доза ми излегоа 8 мини тортички. Печете (сушете ) ги на 90 степени загреана рерна околу 75 минути.

Оставете комплетно да се изладат во рерна.
Изматете ја слатката павлака и нанесете одозгора врз Павловите. Декорирајте со сечкано свежо овошје. Јас користев јагоди, киви, лимон.

s

Добар апетит и забавно готвење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *