Домашната пита не мора да значи и часови поминати во кујна.
Подгответе вкусна домашна вртена пита со готови кори за 15 минути плус времето за печење.
Потребно:
500 гр. кори
1/2 квасец
1/2 л. кисела вода
200мл. масло за јадење
10тина лажици брашно
500-700 гр. зелка исецкана и пропржена
Промешајте го квасецот, киселата вода, маслото и брашното заедно во еден длабок сад. Секоја кора премачкајте ја со течниот фил. Ставете од зелката и виткајте ја кората во ролат. (постапката треба да се прави брзо за да не впијат од течниот фил и да се скинат корите)
Се редат како полжав корите во подмачкано тавче.
Се пече на 180 степени околу 25 -30 минути
Добар апетит и забавно готвење!


